ФК Венеција е италијански фудбалски клуб од градот Венеција, во областа Венето. Моментално се натпреварува во Серија А, највисокото ниво на италијанскиот фудбалски систем.
Основан одново во 2015 година под името ФК Венеција Сочиета Спортива Дилетантистика (поедноставен подоцна во „ФК Венеција“ откако клубот стигнал до професионалните лиги во 2016 година), е „де факто“ чувар на спортската традиција започната во 1907 со основањето на ФК Венеција, но последователно клубот поминал низ многу преосновања и носел различни имиња (АК Венеција од 1919 до 1930 година, од 1945 до 1983 година и повторно од 1989 до 2005 година, Сочиета Спортива Серенисима во 1930 година, АФК Венеција во 1934 година, Калчо Венеција во 1983, Калчо Венеција Местре 1987 година, АК Венеција 1907 во 1991 година, Сочиета Спортива Калчо Венеција во 2005 година и ФК Унионе Венеција во 2009 година).
Најголемиот успех на клубот е освојувањето на Купот на Италија во сезоната 1940-1941. По овој куп успех, уследил и нивниот највисок пласман во Серија А, со освојувањето на третото место во следната сезона. Инаку, клубот најголемиот дел од својата историја го поминал помеѓу двете најсилни фудбалски лиги во Италија: 21 сезона играле во Серија А, а 45 поминале во Серија Б.
Играчи Моментален состав
Тренерски штаб thumb|upright|Еузебио Ди Франческо, моментален тренер на клубот Тренерски штаб за сезоната 2024-2025: Име Функција Еузебио Ди Франческо Главен тренер Пјерлујџи Јервезе Помошник тренер Катело Сенаторе Тренер на голманите Андреа Диздери Атлетски тренер Масимо Нери Атлетски тренер Стефано Романо Анализатор на натпревари Д-р Филипо Витадини Клупски доктор Николо Караро Физиотерапевт
Титули Првенства Серија Б : 2 1960–1961, 1965–1966 Серија Ц/Серија Ц1 : 3 1935–1936 (група А), 1955–1956, 2016–2017 (група Б) Серија Ц2 : 1 2005-2006 Серија Д : 3 1982–1983, 2011–2012 (група Ц), 2015–2016 (група Ц)
Купови Куп на Италија : 1 1940-1941 Фудбалски куп на Италија Серија Ц : 1 2016-2017
Статистика Учество во првенства Ниво Категорија Учества Деби Последна сезона Вкупно Прима Категорија41908-19091919-192021Прима Дивизионе11921-1922Дивизионе Национале21928-19291945-1946Серија А141939-19402024-2025Секонда Дивизионе41922-19231925-192645Прима Дивизионе21926-19271927-1928Серија Б391929-19302023-2024Серија Ц141935-19361976-197723Серија Ц151988-19892007-2008Лега Про Прима Дивизионе22008-20092013-2014Лега Про22014-20152016-2017Серија Ц291979-19802005-200612Лега Про Секодна Дивизионе12012-2013Серија Д21977-19782015-2016Серија Д41978-19792011-20125Интеррегионално првенство11982-1983
Наводи
Надворешни врски
Официјално мрежно место
Венеција