Христијан Аџиоски (р. во ) — македонски писател.

Животопис

Аџиоски е роден на 14 март 1992 година во Битола. Основно образование завршил во Кичево (1998–2004) и Битола (2004–2006), а средно образование во Битола. Дипломирал на Педагошкиот факултет во Битола при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ каде што се стекнал со звање дипломиран професор по македонски јазик и книжевност.

Во 2017 година се здобил и со лиценца за туристички водич и придружник на Факултетот за туризам при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Од 2019 година е лиценциран лектор по македонски јазик со положен лекторски испит во Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“.

Литературно творештво

„Подарок за блиски раце“ (2012) - роман; „Демографските промени во македонски села (1948 – 2002)“ (2019) - научно-литературна монографија; „Приказни за големи и мали сонувачи (2019)“ - збирка бајки за деца во коавторство со Ана Жежовска; „Гласот на предците“ (2022) - зборник на македонски народни преданија; „Само птиците се враќаат назад (бегалците во историската голгота на Егејска Македонија)“ (2024) - научно-истражувачка хроника;

Награди

Учествувал на неколку поетски читања и конкурси, каде што ги освоил наградите: Награда од публика во поетско-музичката вечер во организација УКЛ „Дениција“ (2014); Прво место за наградата „Св. Климент Охридски“ за литературна творба по повод 1000 години од смртта на Св. Климент Охридски и одбележување на светскиот ден на учителот (2016); Сертификат за „пофалена песна за возрасни“ на конкурсот на литературниот клуб „Кирил Пејчиновиќ“ – Тетово (2020).

Музичка активност

Во своите бројни уметнички ангажмани, се појавува како автор и артист на повеќе од стотина песни како член на музичката рап група Стиховно војување во чиј состав од 2006 година издал три студиски албуми: „Ништо нема да нѐ промени (2009)“, „Ме научи да научам (2011)“ и „Сега или некогаш (2013)“ и десетина видеозаписи во период од околу десет години активност.

Стиховно војување биле организатори и на традиционалниот фестивал на урбана музика BUS (Bitola United Summer) фест, кој од 2010 до 2018 година се одржуваше во рамките на Битолското културно лето.

Филмско остварување Христијан Аџиоски е еден од креаторите на документарниот филм „Како плачат улиците“, посветен на хип-хоп културата и урбаниот живот во Битола. Премиерата на филмот се одржала на 9 мај 2026 г. во Центарот за култура - Битола.

Наводи

Категорија:Македонски писатели Категорија:Живи луѓе