Завод за заштита и рехабилитација „Бања Банско“ – Струмица — јавна установа која згрижува, негува, образува и рехабилитира лица со телесен инвалидитет. Таа е единствена установа во Републиката од ваков вид.
Местоположба
Заводот се наоѓа на влезот на струмичкото село Банско, во близина на хотелот „Цар Самуил“, под падините на планината Беласица.
Историја
Установата е пуштена во употреба на 29 јуни 1974 година. Основач на установата е Лејди Сју Рајдер од Англија, која ја финансирала изградбата на установата. Во рамки на установата се изведува и настава за основно образование. Поради зголемен број на корисници, во 2001 година започнал да се гради уште еден објект на установата кој бил пуштен во употреба во 2004 година.
На 2 септември 2007 година избнувал пожар во старата зграда во кој загинале три малолетници кои биле корисници на услугите на установата. Со помош од владата и донации од правни и физички лица, зградата била обновена и пуштена во употреба на Денот на независноста во 2008 година.
Наводи
Категорија:Основни училишта во Општина Струмица Категорија:Банско Категорија:Основни училишта во Македонија