Ајдови жганци (жганци од хељда) е типично селско јадење кое е карактеристично за Словенија. мини|Ајдови жганци Ајдови жганци се варено брашно од хељда, кое се меша со дел од водата во која се варело. Ајдовите жганци може да се сервираат со џимиринки, како додаток на обара, а често се служи и со млеко. И покрај фактот што ајдови жганци се познати речиси низ цела Словенија, помалку е познато дека има регионални разлики во ова јадење. Во источна Словенија, жганците од хељда се повеќе како кнедли или течна храна бидејќи содржат повеќе вода, додека во Горењска ова јадење е многу суво и затоа наликува на трошки или дробено јадење. Ајдови жганци се сервираат заедно со обара (чорба), месо со сос, кисела зелка, колбаси. Состојките може да се менуваат во зависност од регионот.

Во принцип, главните состојки се:

брашно од хелда вода сол презла масло или маст

Во некои случаи се мешаат компири

Поврзано Јадења од хелда

Наводи

Категорија:Словенечка кујна