Пејте со нас (англиски: Sing) - американска медиумска франшиза создадена од Гарт Џенингс и продуцирана од „Илуминатион“. Во неа се претставени гласовните таленти на Метју Меконахи, Рис Витерспун, Скарлет Јохансон, Ник Крол, Тарон Еџертон и Тори Кели, меѓу другите. Првиот филм,бил објавен на 21 декември 2016 година и добил позитивни критики од критичарите. Вториот филм, „Пејте со нас 2“, бил објавен на 22 декември 2021 година. Серијата заработила 1 милијарда долари низ целиот свет.

Франшизата се одвива во свет населен со зборувачки, антропоморфни животни. Серијата го следи коалата по име Бастер Мун, која, со помош на други животни, организира театарски претстави во живо кои во голема мера опфаќаат пеење.

Филмови Пејте со нас (2016)

Дејството на филмот се случува во еден измислен град на животни. Коалата Бастер Мун (гласот на Меконахи) е сопственик на театар којшто во минатото бил многу успешен, но сега се наоѓа во тешка финансиска состојба. За да го оживее театарот, тој има намера да направи нова претстава, за која распишува аудиција. По грешка, неговата секретарка пишува дека првата награда на аудицијата изнесува 100.000 долари, така што голем број жители се пријавуваат на аудицијата. Меѓу нив се наоѓаат: глушецот Мајк (гласот на Сет Мекферлејн), кој по секоја цена сака да победи, свињата Розита (гласот на Витерспун), горилата Џони (гласот на Тарон Егертон), ежицата Еш (гласот на Јохансон) и слоницата Мина (гласот на Тори Кели). За да обезбеди финансиска поддршка, Бастер Мун ја повикува старата некогашна голема ѕвезда Нана (гласот на Џенифер Сандерс), но сè се распаѓа, зашто група мечки влегуваат во театарот, барајќи ги парите што им ги должи Мајк, и во тој миг театарот целосно се урива. Така, се чини дека потполно се урива сонот на Бастер Мун, но набргу, учесниците во шоуто се собираат и одржуваат претстава под ведро небо. На почетокот присуствуваат само нивните најблиски, но постепено пред разурнатиот театар се собира цел град. Тогаш, Нана му дава пари на Бастер Мун и театарот е повторно обновен.IMDb, Sing (2016) Awards (пристапено на 12.1.2017)

Пејте со нас 2 (2021)

Вашите омилени ѕвезди се враќаат во нова музичка авантура за исцелителната моќ на музиката во којашто Бастер Мун и неговите пријатели мора да убедат срамежлива рок ѕвезда да им се придружи на отворањето на новото шоу.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Филмски серии Категорија:Цртани филмови Категорија:Американски филмови Категорија:Американски цртани филмови Категорија:Филмови на англиски јазик