Основно училиште „Страшо Пинџур“ (официјално: Основно општинско училиште „Страшо Пинџур“ - Соколарци; скратено: ООУ „Страшо Пинџур“) — централно основно училиште во кочанското село Соколарци, Општина Чешиново-Облешево.
Училиштето е именувано по македонскиот партизан Страшо Пинџур.
Местоположба
Училиштето се наоѓа во селото Соколарци.
Историја
Училиштето било изградено во 1952 година.
Услови
Училиштето располага со 7 училници, 1 фискултурна сала, како и спортски терен за реализирање на наставата по физичко и здравствено образование. Затоплувањето на училиштето е со парно на дрва.
Настава
Во училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик. Покрај учениците од Соколарци, во училиштето учат и деца од селата Жиганци и Ново Селани.
Подрачни училишта
Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта: ПУ „Страшо Пинџур“ - Жиганци, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик (во мирување); ПУ „Страшо Пинџур“ - Спанчево, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик; ПУ „Страшо Пинџур“ - Уларци, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик; и ПУ „Страшо Пинџур“ - Чешиново, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Основни училишта во Општина Чешиново-Облешево Соколарци Категорија:Соколарци Категорија:Основни училишта во Македонија