мини|Модерен Теремин Тереминот (или Тереминвокс, Тереминовокс, Терменвокс, Аетерофон) е еден од најраните електронски инструменти. Името го добил според неговиот изумител советскиот физичар Лав Сергеевич Теремин или Леон Теремин како го нарекувале на Запад во 1919 година. Специфичноста на тереминот можеби е во тоа, што е единствен музички инструмент кој свира без допирање.

Тереминот се состои од два радио осцилатори и две антени. Поврзан со звучник, тој испраќа електрични сигнали кои произведуваат многу надреални, „вонземјански“ звуци и затоа често се користи за саундтрекови на хорор и научнофанатастични филмови.

Тереминот се свири така што музичарот ги движи рацете околу двете антени и на тој начин ја регулира јачината и висината на тонот. Потребна е посебна вештина и многу вежбање, така што има малку навистина добри тереминисти. Можеби најпознатата употреба на теремин во поп музиката може да се слушне во песната „Good Vibrations“ од The Beach Boys .

Звукот се произведува со движење на рацете околу антените,

во кои има електричен полнеж, а самото тело на музичарот делува како заземјување. На овој начин, оддалеченоста на рацете од антените создава тонови и го диктира нивниот волумен и темпо.

Теремин зазема посебна улога во историјата на музиката поради Роберт Муг, градителот на инструменти. Во неговите млади денови, тој го искористил своето искуство од теремин за да го развие првиот синтисајзер .

Музичари кои свират на Теремин Бад Аверил (189? - 1957. ) Луси Бигелоу Розен ( 1890 - 1968 ) Жан Вен Роберт Хал ( 1970 - жив) Семјуел Хофман (1903-1967 ) Клара Рокмор ( 1911 - 1998 ) Џими Пејџ ( 1944 - жив) Жан-Мишел Жар ( 1948 - жив) Ерик Рос ( 1948 - жив) Брус Вули ( 1953 - жив) Питер Прингл ( 1954 - жив) Пеканини ( 1952 - жив) Барбара Бухолц ( 1959 - 2012 ) Лидија Кавина ( 1967 - жива) Масами Такеучи ( 1967 - жив) Далит Варшо ( 1974 - жив) Памелија Курстин ( 1976 - жива) Ренди Џорџ ( 1978 - жив) Каролина Ејк ( 1987 - жива) Гак Сато ( 1969 - жив) Х. Випл Абот Лана Аксјонова Дорит Крајслер Чарли Дрејпер Рома Чиаки Дерил Кубијан Чарлс Ричард Лестер Шуе-ли Онг Армен Ра Кип Росер

Поврзано

Портал за темата (анг.) Отворете го Теремин

Наводи

Категорија:Музички инструменти