Основно училиште „Петар Поп Арсов“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Петар Поп Арсов“ - Богомила; скратено: ООУ „Петар Поп Арсов“) — подрачно основно училиште во велешкото село Извор, кое е во состав на истоименото училиште од селото Богомила, Општина Чашка.

Училиштето е именувано по македонскиот национален деец, филолог и револуционер Петар Поп Арсов.

Местоположба

Училиштето се наоѓа во средишниот дел на селото Извор.

Историја

Училиштето во минатото било централно и го носело името „Св. Кирил и Методиј“.

Настава

Во училиштето се изведува настава од прво до петто одделение и наставата се изведува на македонски наставен јазик.

Галерија

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Чашка Категорија:Извор (Велешко) Извор