десно|мини|307x307пкс| Скулптура во Берлин, во чест на Јохаесн Гутенберг и најголемите германски писатели Светскиот ден на книгата и авторското право — настан што се слави на 23 април секоја година. Одлуката за одбележување на Светскиот ден на книгата и авторското право била донесена на Генералната конференција на УНЕСКО одржана во Париз во 1995 година.

Потекло Во Шпанија овој ден е празник од 1923 година во чест на писателот Мигел де Сервантес кој починал на тој ден. Ова е исто така дел од прославата на Ѓурѓовден во Каталонија, каде што е традиција уште од средниот век е мажите да им носат рози на своите сакани, а од 1925 година жените да дадат книга во замена.

Во 1995 година, на Генералната конференција на УНЕСКО, било одлучено на овој датум да се слави Светскиот ден на книгата и авторското право, бидејќи тогаш тоа е каталонски фестивал, а ова е и датумот на годишнината од раѓањето и смртта на Вилијам Шекспир, смртта на Мигел де Сервантес, Инка Гарсиласо де ла Вега и Жозеп Пла, раѓањето на Морис Друјон, Владимир Набоков, Мануел Валехо Мехија.

Иако 23 април често се наведува како датум на смрт на Шекспир и Сервантес, тоа не е сосема точно. Сервантес починал на 23 април според грегоријанскиот календар. Шекспир умрел на 23 април според јулијанскиот календар што се користел во Англија во тоа време, и тој всушност починал околу десет дена по Сервантес, поради несовпаѓање помеѓу двата календарски системи.

Поврзано

Светски ден на интелектуалната сопственост

Наводи

Надворешни врски

Страницата за Светскиот ден на книгата на интернет страницата на УНЕСКО Страница за Светскиот ден на книгата на интернет страницата на Обединетите нации Категорија:Празници во април Категорија:Меѓународни денови на Обединетите нации