Кловнови убијци од вселената () — американски научнофантастичен комичен филм на ужасите од 1988 г., напишан, режиран и произведен од браќата Чиодо. Со Грант Крамер, Сузан Снајдер, Џон Ален Нелсон и Џон Вернон во главните улоги, тој останува единствениот филм на браќата Чиодо и како сценаристи и режисери. Познати по нивната стручност за практични ефекти и шминка, браќата исто така ги разработиле препознатливите визуелни елементи на филмот. Приказната следи група злобни вонземјани што личат на кловнови, кои се спуштаат во едно мало гратче, заробувајќи, убивајќи и собирајќи ги неговите жители за прехрана.
Содржина Заљубен пар — младичот Мајк и девојката Деби, кои се на паркиралиште надвор од градот, забележуваат метеорит како лета по небото и судејќи по траекторијата на неговиот пад, решаваат дека тој ќе падне во шума. Водени од љубопитноста, младежите се упатуваат во шумата, сакајќи да го видат паднатиот метеорит. Откако стигнуваат до местото на несреќата, парот не наоѓа метеорит, но е изненаден кога гледа голем циркуски шатор што блеска со разнобојни светла. Мајк и Деби влегуваат во шаторот и гледаат големи кожурци направени од розова памучна волна, во кои откриваат човечки тела користени како храна од вонземјанските кловнови. Откако одвај бегаат од циркускиот шатор на кловновите, Мајк и Деби се упатуваат кон полициската управа во нивното зафрлено гратче за да пријават што се случило. Во полициската управа, парот се среќава со поранешното момче на Деби, Дејв, и постариот офицер Кертис Муни, кого тие се обидуваат да го убедат да оди и да го види местото на слетување на циркускиот шатор. Меѓутоа, вонземјанските кловнови веќе ја следеле патеката на Мајк и Деби и дошле до градот, каде што почнале да ги надополнуваат хранителните залихи.
Улоги
|Грант Крамер |Мајк Тобако |- |Сузан Снајдер |Деби Стоун |- |Џон Ален Нелсон |полицаецот Дејв Хансон |- |Џон Вернон |полицаецот Кертис Муни |- |Мајкл С. Сигел |Рич Теренци |- |Питер Ликаси |Пол Теренци |- |Ројал Дејно |земјоделецот Џин Грин |- |Чарлс Чиодо |Џоџо Кловнзила |- |Кристофер Титус |Боб Макрид |- |Клер Бартл |малото девојче
Наводи
Надворешни врски
Матична страница
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови од 1988 година Категорија:Американски хорор-филмови Категорија:Американски научнофантастични филмови Категорија:Американски комедии