мини| Џерванови аквадукти Џерван — локалитет северно од Мосул во покраината Нинива во Ирак. Локацијата нема вегетација и е ретко населена.

Локалитетот е познат по урнатините на огромен аквадукт што ја преминува реката Кенис, изграден од повеќе од два милиони камења и со употреба на камени лакови и водоотпорен цемент. Некои сметаат дека е најстариот аквадукт на светот, кој му претходи на сè што Римјаните изградиле во текот на пет века.

Аквадуктот на Џерван Аквадуктот е дел од поголемиот Канал Атруш изграден од асирскиот крал Сенахериб помеѓу 703 и 690 пр. н. е. за да ги напои големите градини на Нинива, со вода пренасочена од клисурата Кенис, 50 километри на север.

Натписот на аквадуктот гласи:

„Сенахериб, светскиот крал на Асирија. На голема далечина имав водотек насочен кон околината на Нинава, спојувајќи ги водите... Низ стрмните долини, поставив аквадукт од бели варовнички блокови, направив тие води да течад над него“.photograph of Sennecherib's inscription .

Некои научници веруваат дека легендите за Семирамидини висечките градини на Вавилон биле всушност обемните градини на Сенахериб во Ниневинската рамнина а, не во Вавилон.

Галерија

Литература

Документи од Џерван од Универзитетот во Чикаго Реконструкција на Аквадуктот Џерван

Наводи

Категорија:Аквадукти Категорија:Археолошки наоѓалишта во Ирак Категорија:Координати на Википодатоците