Фурнудија или Додекаспита ( или Δωδεκάσπιτα) — поранешно село во Серско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Довишта во областа Централна Македонија, Грција.
Географија Селото се наоѓало во областа Дарначко, околу 10 км југоисточно од градот Сер, во Серското Поле, на надморска височина од 90 м. Се наоѓало околу 500 м источно од соседното село Тополјани, со кое денес е споено.
Историја Селото е основано во 1924 г. од Грци преселени од Мала Азија. За првпат е евидентирано во 1928 г. кога е заведено со 48 жители, сите бегалци. Во 1940 г. селото било укинато и припоено кон соседното с. Тополјани, поради што не се спомнува во подцнежните пописи. Од Фурнудија денес нема видливи остатоци.
Наводи
Категорија:Историски села во Довишта