Ефате (француски: Éfaté, англиски: Efate) е остров во Тихиот Океан кој е дел од покраината Шефа во Вануату. Островот е познат и како Вате .

Географија Тој е најнаселен остров во Вануату со околу 66.000 жители. Површината на Ефате од и тоа го прави трет по големина остров на Вануату. Неговото геолошко минато било вулканско, што значи дека слоеви лава покрива поголем дел од островот. Повеќето жители на Ефате живеат во Порт Вила, главниот град на државата. Највисоката планина е Мекдоналд со висина од .

Историја Капетанот Џејмс Кук го нарекол островот Сендвич „во чест на неговиот благороден патрон, Ерл од Сендвич“. Името го дал при неговото патување во 1774 година.

За време на Втората светска војна, Ефете имал важна улога како воена база на САД .

На 13 март 2015 година, Порт Вила, најголемата населба на островот и главниот град на Вануату, претрпел голема штета од циклонот Пем . Во декември 2024 година, земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтеровата скала ја оштетил речиси секоја куќа на Ефате, што резултирало со 19 жртви. Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања проценила дека 116.000 луѓе биле директно погодени од земјотресот, што е еквивалентно на една третина од населението на Вануату.

Политика Ефате станал посебна заедница во 1889 година кога жителите го прогласиле регионот како Франсвил . Меѓутоа, до 1890 година заедницата се распаднала.

Ефете е управуван и од општината Порт Вила и од покраинскиот совет Шефа, каде Порт Вила управува само во рамките на градските општини.

Мали острови во близина на Ефате десно|мини| Островот Еретока ( запад) Околу Ефате има многу мали острови, меѓу нив се островот Еретока, Лелепа, Нгуна, Пеле, Екапум Леп, Еруети Леп, Екапум Рик, Иривити Леп, островот Хидевеј, островот Ифира и Емао . Островот Еретока е мал остров кој кога се гледа од далечина изгледа како флопи капа. Тука бил погребан славниот поглавар Рои Мата, заедно со неговите 20 сопруги и многу други слуги. J. Maarten Troost, Getting Stoned with Savages, Broadway Books, 2006 (). Нгуна, Пеле и Емао се стратовулкани, кои можат да го формираат раб на вулканската калдера на северниот дел.

Туризам десно|мини| Ератап, мал надворешен остров Ефате. Главниот град на Порт Вила е центар на туризмот во Вануату кој прима приближно 60.000 туристи годишно со воздушен транспорт, бродови за крстарење и јахти. Поради британското и француското влијание и двете кујни се лесно достапни во главниот град. Има и кинески ресторани низ Вила и таму е маркетот Мумас во центарот на градот.

Порт Вила го опслужува домашниот превозник Ер Вануату кој лета до надворешните острови Вануату. Популарните дестинации како Тана и Санто може да се стигнуваат секојдневно од Порт Вила, додека до пооддалечените локации може да се стигне на помалку редовна основа. Островот го опслужува меѓународниот аеродром Бауерфилд .

Ефате нуди низа туристички атракции и активности, вклучително и Меле Каскади, плажата Етон, крстарења, нуркање и слично.

Забележителни луѓе

Литиана Калсрап - климатски активист и младински лидер

Поврзано

Вануату Порт Вила

Наводи

Надворешни врски Ефате на tripadvisor.com.au

Категорија:Острови во Вануату Категорија:Координати на Википодатоците