мини|250п|Раде Драинац

Радојко Јовановиќ, познат како Раде Драинац (Трбуње, 26 август 1899 — Нишка Бања, 1 мај 1943) — српски поет.

Творештво Во својата „Антологија на српската поезија“, Зоран Мишиќ истакнува дека Драинац е најистакнатиот претставник на авантуристичко-космополитската струја на модернизмот во српската поезија. Големиот занос од новиот, забревтан живот се појавува кај Драинац во примитивна, површно „балканизирана“ варијанта со разводнет есениновски сентиментализам и со лесни реторички ефекти, театрални гестови и псевдобунтовништво. Повеќе според декорот отколку според суштината, неговата поезија претставува еден вид на модернистичките стремежи меѓу двете светски војни (по угледот на Аполинер, Сендрар и „фантезистите“) кои не може да се заобиколи.Zoran Mišić, Antologija srpske poezije. Nolit, Beograd, 1963, стр. 216.

Наводи

Категорија:Српски поети Категорија:Родени во 1899 година Категорија:Починати во 1943 година Категорија:Погребани на Новите гробишта (Белград)