Авенија Хабиб Бургиба (арапски: شارع حبيب بورڨيبة ) е централната и главна улица на Тунис и историски политички и економски центар на Република Тунис . Именувана е по Хабиб Бургиба, првиот претседател на Тунис кој бил национален лидер на туниското движење за независност. Денес, широката авенија е израмнета во правец исток-запад, обложена со дрвја и фасади на продавници, и опкружена со улични кафулиња од двете страни, и често се споредува со Шанз-Елизе во Париз. Многу важни историски градби се наоѓаат долж оваа авенија, вклучително и катедралата Свети Викентиј Паулски, Француската амбасада во Тунис и Националниот театар во Тунис.
Повеќето градови во Тунис имаат авенија која го носи истото име „Хабиб Бургиба".
Историја лево|мини| Авенија Де Ла Марин во 1885 година Улицата првично била позната како „Шеталиштето Де Ла Марин“, и била неубаво изградена улица која во зима била со кал, а во лето со прав. Во рок од триесет години по воведувањето на францускиот протекторат на Тунис, градот пораснал на исток од Медина. Конзулатот на Франција, станал седиште на француската резиденција и е изграден во 1890-1892 година. Авенијата постепено станала и забавен центар на градот, и игралиште за градската елита. Во 1920 година бил изграден и Национален театар. Покрај тоа, катедралата Свети Викентиј Паулски била изградена во 1897 година. Во пресрет на Првата светска војна, новата голема улица во центарот била преименувана во Авенија Жил-Фери по Жил Фери.
За време на протестите во 2011 година, на авенијата се одржале главните демонстрации со кои се барало пад на претседателот Зин Ел Абидин Бен Али и на владата на национално единство.
Изглед Авенија е широка шеесет метри, има два неасфалтирани патишта од двете страни, a на средната лента се засадени (до 2001 година), четирикратен опсег на фикус дрвја (намалени на два реда во големото реновирање од 2000–2001 година). Биле изградени важни приватни згради, галерии, кафулиња и кина во 1931 година и хотелот Клариџ во 1932 година. Со доаѓањето на независноста во 1956 година, авенијата била преименувана по новиот претседател Хабиб Бургиба. Новите приватни згради произлегле од големите инвестиции, како што се меѓународните хотели.
Баб Бхар (Порта де Франс), сега триумфална порта, се наоѓа на крајот на Авенијата де Франс, која сама по себе е продолжение на Авенијата Хабиб Бургиба; по портата се наоѓана Медина- стариот дел на градот. На источниот крај на авенијата Бургиба, има насип што го преминува езерото Тунис и што го носи патниот и метро- железничкиот сообраќај и го поврзува центарот на градот со Ла Гулет (Халк ал Вади), елегантно старо пристаниште; луксузните предградија на Картагина, Сиди Бу Саид и Ла Марса.
Западно од Баб Бар е улицата Де Ла Касба, која завршува со владините канцеларии од другата страна на пристаништето; џамијата Ру Џема (Големата џамија) е во срцето на пристаништето. лево|мини| Авенија Жил-Фери (1954) мини|Протести во 2011 година
Плоштадот на независноста мини| Статуа на Ибн Халдун пред катедралата Свети Викентиј Паулски На запад, авенијата завршува со Place de l'Indépendance (Плоштадот на независноста). Тука се наоѓаат Француската амбасада и катедралата Свети Викентиј Паулски. Во центарот на плоштадот стои статуа на тунискиот филозоф и историчар Ибн Халдун, кој гледа кон авенијата Хабиб Бургиба. Првично било наменето статуата да биде поставена на 1 јуни 1978 година, на годишнината од враќањето на Хабиб Бургиба во Тунис од Франција, но тоа се случило дури на 3 јули истата година.
Француската амбасада лево|мини| Плоштадот на независноста Француската амбасада во Тунис, се наоѓа на јужната страна на плоштадот, во зграда изградени во декември 1861 година. Дваесет години подоцна тие станале општа резиденција на Французите во Тунис.
Катедрала Свети Викентиј Паулски Катедралата Свети Викентиј Паулски, првично седиште на Архиепископијата Картагина, се наоѓа спроти Француската амбасада. Изградена е во романескно-византиски стил на крајот на деветнаесеттиот век.
Националниот театар мини|Фасадата на театарот Националниот театар бил отворен на 20 ноември 1902 година, и е еден од ретките театри изградени во стилот Арт Нуво во светот. Делумно бил срушен во 1909 година, потоа бил пренаменет и зголемен за повторно да биде отворен на 4 јануари 1911 година. Целосното реновирање на театарот било завршено во 2001 година за неговата стогодишнина.
Наводи
Категорија:Улици во Тунис