мини|265x265пкс|Осудените студенти: (седнати) Димитар Ѓузелов, Димитар Нацев, Борис Андреев и Борис Светиев; (прави): Стерјо Боздов, Харалампи Фукаров, Димитар Чкатров, Иван Шопов и Тодор Гичев Борис Андреев (во постар македонски правопис: Борисъ Андрѣевъ; Велес, 1903 — ?) — македонски револуционер и ветеринар. Деец на Македонската младинска тајна револуционерна организација. Еден од осудените фигури во скопските студенски процеси

Животопис Роден е во 1903 година во Велес, тогаш во Отоманското Царство. За образование се запишува за ветеринарска медицина во Загреб. Како студент се вклучува во дејностите на Македонската младинска тајна револуционерна организација. Член е на раководниот орган на Скопскиот револуционерен округ.

Уапсен е откако српската влада открила за организацијата. Во ноември 1927 година тој заедно со други истакнати дејци од ММТРО е пратен во скопските судови и е осуден во т.н. Скопски студентски процес. Нивниот адвокат бил истакнатиот Хрват Анте Павелиќ, отфрлувајќи ја обвината дека биле „платени агенти“. Осуден е на 5 години затвор со тешки услови каде што бил мачен. Откако си ја извршил казната и испаднал од скопскиот затвор, еден Албанец, агент на српската полицијата, извршува напад спрема Борис Андреев и Димитар Нацев.

Откако излегол од затвор тој продолжува со неговите револуционерни дејства.

Учествува во основачката конференција на Велешкото благотворително братство во Скопје, создадено на 25 јануари 1942 година, и е избран во Управното тело. Братството создадено во 1942 година не е истото Велешко благотворително братство создадено во Софија. Новото братство било злоупотребено како политички инструмент на бугарските фашистички окупаторски сили.

Наводи

Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Родени во 1903 година Категорија:Македонски револуционери Категорија:Македонски ветеринари Категорија:Дејци на ММТРО Категорија:Дејци на Велешкото благотворително братство