Колибата во шумата () — научнофантастична комедија на ужасите од 2012 г., режирана од Дру Годард во неговото режисерско деби, произведена од Џос Видон и напишана од Видон и Годард. Главните улоги ги толкуваат Кристен Коноли, Крис Хемсворт, Ана Хачисон, Френ Кранц, Џеси Вилијамс, Ричард Џенкинс и Бредли Витфорд. Заплетот следи група студенти што се повлекуваат во една оддалечена колиба во шумата, каде што стануваат жртви на разни чудовишта додека техничарите манипулираат со настаните од подземна градба. Содржина Пет младинци заминуваат на викенд во една затскриена колиба во шумата. Тие пристигнуваат и откриваат дека се прилично изолирани без средства за општење со надворешниот свет. Кога вратата од визбата ќе се отвори сама по себе, тие секако слегуваат да истражат. Наоѓаат чуден избор на реликвии и занимливости, но кога една од девојките, Дана, чита од книга, таа буди семејство смртоносни зомби-убијци. Меѓутоа, се случува многу повеќе отколку што изгледа на прв поглед.
Улоги
|Кристен Коноли |Дана Полк |- |Крис Хемсворт |Курт Вон |- |Ана Хачисон |Џулс Луден |- |Френ Кранц |Марти Микалски |- |Џеси Вилијамс |Холден Макри |- |Ричард Џенкинс |Гари Ситерсон |- |Бредли Витфорд |Стив Хедли |- |Брајан Вајт |Даниел Труман |- |Ејми Акер |Венди Лин |- |Сигорни Вивер |режисерката |- |Тим де Зарн |Мордекај |- |Том Ленк |Роналд
Наводи
Надворешни врски
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Филмови од 2012 година Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Американски филмови Категорија:Американски хорор-филмови