abilion — мобилна апликација која им помага на корисниците да најдат вегански и одржливи производи.
Платформата им овозможува на корисниците да пишуваат рецензии за производи базирани на растенија, без суровост и одржливи, додека донираат помеѓу 0,10 и 1$ на непрофитни организации за секоја напишана рецензија. Од мај 2023 година, компанијата тврди дека донирала над 2,8 милиони американски долари на различни непрофитни организации вклучувајќи ги Sea Shepherd и Mercy for Animals.
Главната цел на компанијата е да достигне бројка од една милијарда луѓе кои следат веганска исхрана и начин на живот до 2030 година.
Историја Американскиот претприемач Викас Гарг ја основал компанијата во Сингапур, а апликацијата била официјално лансирана во мај 2018 година.
Стартапот прво беше именуван abilionveg, а го смени името во 2020 година.
Во 2019 година, компанијата собрала 3 милиони американски долари во првиот круг на финансирање (пред-серија А).
Во 2021 година, таа собрала 10 милиони долари при финансирањето од Серија А.
Во февруари 2023 година, компанијата објавила лансирање на круг на инвестиции во заедницата, користејќи ја платформата за групно финансирање Wefunder, која достигнала вкупно 500.000 американски долари
Во мај 2023 година, таа ја прославила својата 5-годишнина и достигнала 1 милион преземања.
Награди Користејќи ги податоците од рецензиите објавени од своите корисници, абилион ги наградува најсаканите вегански производи и брендови.
Во мај 2023 година, компанијата ја објавила листата Светски Топ 10 најдобри плескавици од растително потекло, а меѓу победничките брендови биле Beyond Meat, NotCo и Sojasun.
Наводи
Категорија:Вегетаријанство Категорија:Веганство