Доужкоин (англиски: Dogecoin; знак: Ð) е криптовалута креирана од софтверските инженери Били Маркус и Џексон Палмер, кои одлучиле да го создадат овој систем на плаќање како “шала“, исмевајќи се на криптовалутите во тоа време. Двајцата одлучиле да ја направат првата “мим паричка“. Како мим (интернет шала) го избрале доуж (doge) мимот кој е составен од ликот на кучешката раса Шиба Ину, користејќи го името и сликата од мимот. Оваа криптовалута била представена на 6 декември 2013 година и за брзо време основала своја онлајн заедница.
Догекоин достигна пазарна капитализација од над 85 милијарди долари на 5 мај 2021 година и извесно време беше спонзор на англискиот фудбалски клуб ФК Вотфорд. Со помош на интернет платформата Редит, криптовалутата почнала да расте и да собира многу обожаватели за многу кратко време.
Доужкоинот е базиран на Скрипт (Scrypt) алгоритам, и за да се потврди трансакција потребна е само 1 минута.
Наводи
Категорија:Криптовалути Категорија:Интернет