Алеј-уп — напад во кошарката при кој еден играч ја додава топката во близина на кошот на соиграч што скока, ја фаќа топката во воздух и ја забива или ја положува во кошот пред да ја допре земјата.

Алеј-уп е спој на елементи на тимска работа, прецизно додавање, синхронизација и завршница.

Потекло на поимот Изразот „алеј-уп“ е изведен од францускиот израз allez hop! (але оп!), извик на циркуските акробати пред изведба на скок.

Изразот „алеј-уп“ за прв пат бил популаризиран во Соединетите Држави во 1932 година како име на стрип создаден од карикатуристот В.Т. Хамлин.

Во спортот, изразот „алеј-уп“ за прв пат се појавил во 1950-тите од страна на Сан Франциско 49-ките од НФЛ за високо лачно додавање. Изразот подоцна станал попознат по неговата употреба во кошарката.

Историја Во 1950-тите, некои играчи почнаа да ја фаќаат топката во воздух и потоа веднаш да забиваат. Кеј Си Џонс и Бил Расел неколкупати извеле алеј-уп додека биле на Универзитетот во Сан Франциско во средината на 1950-тите.

Покрај тоа, Бил Расел, Вилт Чемберлен од Универзитетот во Канзас и Џони Грин од Државниот универзитет во Мичиген честопати ги фаќале одбиените топки при промашување од соиграчите и забивале. Ова резултирало со заострување на спроведувањето на напаѓачките правила во NCAA и НБА кошарката во доцните 1950-ти.

Наводи

Категорија:Кошаркарска терминологија Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ