Јордан Читкушев (Велес, 1865 — Велес, 16 февруари 1894) — македонски просветен деец, публицист и етнограф од Велес.

Животопис лево|мини|Првата генерација на воспитаници во Солунската гимназија во учебната 1885/86 год.Прв ред (учители): Г. Миндов, А. Кулев, Х. Димитров, К. Стателов, Ф. Сплитек, Г. Прличев, Г. Кандиларов, архимандрит К. Пречистански, ѓакон И. Пенчев, Г. Попов, П. Драганов, А. Дојкин, Ј. БуфетиВтор ред (воспитаници): Х. Нечев, Ј. Читкушев, Ј. Мирчев, И. Липошлиев, Д. Изов, Б. Кушев, Л. Тодев, Ј. Бомболов, Г. Стрезов, П. Мавродиев, А. Кожухарски Роден е во град Велес, тогаш дел од Отоманското царство. Во 1886 година завршува со неговото гимназиско образование како дел од првата генерација на воспитаници од Солунската машка гимназија. Се вработува во Бугарската егзархија. Собира велешки пословици и гатанки, коишто ги публикува во списанието „Зборник за народни умотворенија, наука и книжнина“. Со неговите изданија тој ја збогатува културната историја на велешкиот народ.

Изданија

Поврзано Читкушева чешма

Наводи

Категорија:Прва генерација на воспитаници од Солунската машка гимназија Категорија:Македонски етнографи Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Македонски публицисти Категорија:Македонски просветители Категорија:Учители на Бугарската егзархија Категорија:Починати во Велес Категорија:Родени во 1865 година Категорија:Починати во 1894 година