мини|Јохан Фридрих Блуменбах Јохан Фридрих Блуменбах (; Гота, 11 мај 1752 – Гетинген, 22 јануари 1840 година), бил германски физиолог, антрополог, натуралист, доктор по медицина и професор. Член на Академијата на науките во Гетинген (1784), странски член на Кралското друштво на Лондон (1793), на Француската академија на науките (1830; дописен член од 1805 година) и странски почесен член на Петербуршката академија на науките (1826). Тој бил меѓу првите што го проучувал човечкиот вид во рамките на природноисториските науки. Блуменбах создал една од првите класификации на човечките раси, според која има пет: кавкаска, монголска, малезиска, етиопска и американска.
Биографија Јохан Блуменбах бил роден на 11 мај 1752 година во стариот град Гота во војводството Саксонија-Гота-Алтенбург. Студирал медицина прво на Универзитетот во Јена, а потоа на Универзитетот во Гетинген, каде што дипломирал во 1775 година. Дипломирал со теза на тема „За природната разновидност на човештвото“. Ова дело се смета за едно од највлијателните во развојот на подоцнежните концепти на човечките раси. Работата содржела и податоци добиени со краниометриско истражување, кои тој интензивно ги користел подоцна во животот. Врз основа на податоците од краниометриската анализа, тој го подели човечкиот вид на пет раси: европска (бела), монголоидна (жолта), малајска (кафеава), негроидна (црна) и американска (црвена).
Од 1776 г. Блуменбах предавал медицина на Универзитетот во Гетинген, а од 1778 г. бил редовен професор. Во Гетинген останал до крајот на својот живот во 1840 година.
Наводи
Надворешни врски
Chemistry Tree: Johann Friedrich Blumenbach Details Blumenbachiana Göttingen State and University Library Digitised works „Blumenbach, Johann Friedrich”. (на англиски јазик) (11 изд.) 1911.
Категорија:Физиолози Категорија:Членови на Кралската шведска академија на науките Категорија:Германски природонаучници Категорија:Германски антрополози