Анора () — американска комична драма од 2024 г. во режија и сценарио на Шон Бејкер. Според приказната, младата сексуална работничка Анора (Мајки Медисон) се омажила за Иван Захаров (Марк Ејделштајн), син на руски олигарх (Алексеј Серебрјаков). Откако дознале за ова, родителите на Иван се подготвени да направат сѐ за да го поништат бракот. Во филмот играат и Јура Борисов, Карен Карагулијан, Ваче Товмасјан и Дарија Екамасова.

Премиерата на филмот во САД била на 18 октомври 2024 г., а во Македонија на 7 ноември истата година.

На 97. доделување на Филмската награда на академијата на САД на 2 март 2025 г., филмот добил „Оскар“ за најдобар филм.

Содржина Млада сексуална работничка од Бруклин го запознава и импулсивно се мажи за синот на руски олигарх. Откако веста ќе стигне до Русија, нејзината бајка е загрозена додека неговите родители тргнуваат за Њујорк за да го поништат бракот.

Улоги ГлумецУлогаМајки МедисонАнора „Ани” МихееваМарк ЕјделштајнИван „Вања” ЗахаровЈура БорисовИгорКарен КарагулијанТоросВаче ТовмасјанГарникЛуна Софија МирандаЛулуЛиндзи НормингтонДајмондДарија ЕкамсоваГалина ЗахароваАјви ВолкКристалАлексеј СеребрјаковНиколај ЗахаровАлена ГуревичКлараЕла РубинВера

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Филмови од 2024 година Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Американски драмски филмови Категорија:Филмови на руски јазик