Иван Т. Липошлиев исто така познат и како Липушлиев (Горно Порој, 25 јуни 1866 — Софија, 1945) — македонски револуционер и просветител, деец на Македонската револуционерна организација. Дел од првата генерација на воспитаници од Солунската машка гимназија.

Животопис мини|313x313пкс|Писмо на гимнастичарско здружение „Кукушки јунак“ каде што Иван Липошлиев е претставен како претседател и Никола Терзиев како секретар, 20 јуни 1912 година лево|мини|Првата генерација на воспитаници во Солунската гимназија во учебната 1885/86 год.Прв ред (учители): Г. Миндов, А. Кулев, Х. Димитров, К. Стателов, Ф. Сплитек, Г. Прличев, Г. Кандиларов, архимандрит К. Пречистански, ѓакон И. Пенчев, Г. Попов, П. Драганов, А. Дојкин, Ј. БуфетиВтор ред (воспитаници): Х. Нечев, Ј. Читкушев, Ј. Мирчев, И. Липошлиев, Д. Изов, Б. Кушев, Л. Тодев, Ј. Бомболов, Г. Стрезов, П. Мавродиев, А. Кожухарски Иван Липошлиев е роден во валовишкото село Горно Порој, тогаш дел од Отоманското Царство, денеска познато под хеленизираното име Ано Пороја. За неговото основно образование, тој учел во родното село. Околу 1880-тите се преселил во Солун за да учи во Солунската машка гимназија. Во 1886 година, тој завршил со неговото гимназиско образование како дел од првата генерација на воспитаници од Солунската машка гимназија. После неговата матура се вработува како учител во Бугарската егзархија. Во 1890-тите се приклучува во комитетите на Македонската револуционерна организација во Горно Порој, Ресен, Крушево, Радовиш и Дедеагач.

Во учебната 1890/1891 година предава како професор во Серското егзархиско четирикласно училиште, но во второто полугодие дава отставка поради домашни причини. Се вработува како учител во Дедеагач во учебната 1900/1901 година. Станува член во Серскиот револуционерен округ на МРО. Поради неговите револуционерни активности тој е уапсан и затворен за 11 месеци во серски затвор. Во учебната 1909/1910 година Липошлиев е назначен за главен учител во Петрич.Тасев, Христо. „Борба за национална просвета в Мелнишкия край“. София, 1987, стр.169. После се вработува како главен учител во Кукуш. За време на неговиот престој во Кукуш тој е назначен за претседател на македонското османлиско гимнастичко здружение „Кукушки јунак“, основан во 1 април 1912 година, неговиот секретар бил Никола Терзиев.ДАА-ЦДА, ф. 367К, оп. 1, а.е. 3, л. 48

На 1 септември 1912 година Липошлиев е назначен за главен учител во Неврокоп, но поради балканските војни училиштето редовно било затворено, слична била ситуацијата и во Мехомија. Умира во 1945 година во Софија, после нејзиното ослободување од страна на совиетската црвена армија. Неговиот син, Георги Липошлиев во 1933 година завршил право во Софискиот универзитет.Годишникъ НА СОФИЙСКИЯ УНИВЕРСИТЕТЪ, 1934.

Наводи

Категорија:Македонски револуционери Категорија:Луѓе од Горно Порој Категорија:Родени во 1866 година Категорија:Починати во Софија Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Дејци на МРО Категорија:Прва генерација на воспитаници од Солунската машка гимназија Категорија:Македонски просветители Категорија:Учители на Бугарската егзархија