Мртовечки прсти или ѓаволски прсти () — космополитска сапрофитна габа. Се карактеризира со своите издолжени исправени, булoвидни или ременообразни строми кои излегуваат од земјата, како прсти.
Таксономија Родот Xylaria содржи околу 100 видови на космополитски габи. Специфичниот епитет polymorpha значи „многу облици“. Како што сугерира името, има променливо плодно тело (строма) со облик на боздоган кое личи на изгорено дрво.
Опис лево|мини| Xylaria polymorpha Припаѓа на типот габи познати како Ascomycetes (дивизија Mycota), познати како торбести габи, тие се карактеризираат со торбеста структура, аскусот кој содржи од четири до осум аскоспори во сексуалната фаза. Торбестите габи се поделени во подгрупи врз основа на тоа дали аскусите се појавуваат поединечно или се носат во еден од неколкуте типа на плодни структури, или аскокарпи, и врз основа на методот на испуштање на аскоспорите. За разлика од некои видови од оваа класа, X. polymorpha не е за јадење.
Често оваа габа се среќава со мноштво посебни „прсти“, но понекогаш поединечните делови може да бидат споени заедно. Во зрелоста, плодните тела можат да бидат 3-10 цм високи, од надвор црни или кафеави, понекогаш со нијанси на сина или зелена боја. Одвнатре се бели, а наоколу има ареи со црни точки. Оваа поцрнета ареа е составена од ситни структури наречени перитеција. Перитециите држат слој од аскуси кои содржат аскоспори. Аскусите се издолжуваат во остиолот и ги испуштаат аскоспорите нанадвор. Дистрибуцијата на спорите е долг процес, понекогаш трае неколку месеци пред да се заврши. Отпечатокот на спори е црн.
Во пролетта оваа габа често произведува слој од бели или синкави асексуални спори наречени конидии, кои растат на нејзината површина и околината.
Распространетост и живеалиште X. polymorpha е географски распространета на сите шест населени континенти. Таа е вообичаен жител на шумски области, обично расте од основите на гнили или повредени трупци и дрва што се распаѓаат. Ги колонизира супстратите како што се дрвенести мешунки, ливчиња и тревни стебла. "Dead Man's Fingers". Wisconsin Horticulture. Retrieved 2023-12-06.
Галерија
Наводи
Надворешни врски Index Fungorum USDA ARS Fungal Database Xylaria polymorpha (Dead Man's Fingers) Images Dead Man's Fingers Mushroom Observer, Xylaria polymorpha
Категорија:Дрварковидни Категорија:Нејадливи габи Категорија:Габи на Европа