Межа ( ) е река во Словенија, во словенечкиот дел на Корушка. Межа е притока на реката Драва.
Реката Мeжа е долга 43 километри. Реката извира во планините Караванки, во близина на словенечко - австриската граница. Во првата половина од својот тек, таа е брза, планинска река која тече во правецот југозапад-североисток.
Под западниот дел на Похорје, тече во правецот југоисток-северозапад низ долината и градовите Мислиња и Словењ Градец. Мислиња се влева во реката Межа, во близина на Дравоград, на само неколку километри од сливот на Межа и Драва. Во втората половина од својот тек свртува во правец запад-исток. Во овој дел од течението гради поширока долина и е побавна. Таму поминува и низ најголемата населба на своето течение, градот Равне на Корошкем. Во близина на устието на Межа, ја прима својата најголема притока, реката Мислиња, а километар понатаму се влева во реката Драва кај Дравоград.
Во текот на 80-тите години на 20 век, реката Межа станала позната како најзагадената река во Словенија. Денес состојбата на реката е многу подобра.
Наводи Категорија:Реки во Словенија