Диего Родолфо Пласенте (роден на 24 април 1977, во Буенос Аирес) е аргентински фудбалски тренер и поранешен фудбалер, .

Во моментов е селектор на аргентинската репрезентација под 20 години.

Технички карактеристики Неговата главна позиција била лев бек, но во текот на кариерата по потреба тој играл и како централен дефанзивец и лево крило.

Клупска кариера Неговата фудбалска кариера започнала во 1995 година кога, со нешто повеќе од 18 години, го направил своето деби во аргентинското првенство носејќи го дресот на Аргентинос Хуниорс. Две години подоцна, тој се преселил во Ривер Плејт, силно посакуван од тренерот во тоа време, Рамон Дијас. После три освоени титули во аргентинското првенство, во јануари 2001 година, Диего ја добил својата голема шанса да се пресели во Европа; тој бил купен од германскиот клуб . Таму поминал пет сезони, вклучително и сезоната 2001-2002, во која и покрај тоа што бил на дофат клубот не успеал да освои ниту една титула, губејќи ги битките за титулата во Бундеслигата (во последното коло) и Купот на Германија (во финалето), за на крајот да го загубат и финалето на Лигата на шампионите од со 2-1. По завршувањето на сезоната 2004-2005, Пласенте не го продолжил договорот со германците и можел да бара нов клуб како слободен играч.

Во текот на летото 2005 година, тој имал бројни контакти со клубови како Џенова, Рома, Евертон и Атлетико Мадрид, но на крајот потпишал за Селта Виго. Таму, тој одиграл две сезони во шпанската Примера Дивисион, а потоа неговиот договор бил раскинат на 9 септември 2007 година.

Од 9 јануари до 28 јули 2008 година, тој играл за аргентинската екипа Сан Лоренцо, чиј тренер повторно бил Рамон Дијас. Во летото 2008 година, Пласенте се вратил во Европа, каде потпишал договор со францускиот клуб Бордо. По две години во Бордо, исполнети со многу повреди, кој крајно го лимитирале бројот на неговите настапи (забележал само 9), тој го напуштил клубот по истекот на неговиот договор. На 19 јули 2010 година, тој со слободен трансфер се вратил во Сан Лоренцо.

На 15 јули 2011 година, тој бил купен од уругвајскиот Насионал, со кој потпишал едногодишен договор.

На 31 јули 2012 година, Пласенте потпишал едногодишен договор со Аргентинос Хуниорс, враќајќи се во клубот во кој ја започнал својата фудбалска кариера. Таму ја поминал својата последна сезона во кариерата, пред да ја заврши истата на 12 февруари 2014 година.

Репрезентативна кариера Пласенте играл за аргентинската репрезентација под 20 години со која настапил на Јужноамериканското првенство 1997 и Светското првенство 1997, освојувајќи ги двете.

За сениорската репрезентација дебитирал на 20 декември 2000 година, за време на победата со 2-0 над на Рибок купот во Лос Анџелес.

Тој бил повикан за Светското првенство 2002 во Јапонија и Јужна Кореја, каде одиграл два натпревари, во елиминацијата на Аргентина уште во групната фаза. Потоа, тој играл и на Копа Америка 2004, каде настапил само во полуфиналната победа со 3-0 над ; Аргентина завршила како втора на првенството, по поразот од во финалето.

Хронологија на репрезентативните настапи

Титули Клупски Аргентинос Хуниорс Примера Б Насионал: 1 1996-1997

Ривер Плејт Примера Дивисион: 3 Апертура 1997, Апертура 1999, Клаусура 2000 Суперкопа Либертадорес: 1 1997

Бордо Лига 1 : 1 2008-2009 Лига куп на Франција : 1 2008-2009 Суперкуп на Франција : 2 2008, 2009

Насионал Монтевидео Примера Дивисион: 1 2011-2012

Репрезентативни Аргентина под 20 Јужноамериканското првенство за играчи под 20 години : 1 1997 Светското првенство за играчи под 20 години : 1 1997

Наводи

Надворешни врски

Диего Пласенте на soccerway Диего Пласенте на transfermarkt Диего Пласенте на espn Диего Пласенте на whoscored

Категорија:Фудбалери на ФК Ривер Плејт Категорија:Фудбалери на ФК Баер Леверкузен Категорија:Фудбалери на ФК Селта Виго Категорија:Фудбалери на ФК Бордо Категорија:Фудбалери на Насионал Монтевидео Категорија:Аргентински фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1977 година