Ортаќој или Орта Ќој (, Платаноревма; до 1928 г. Ορτά Κιόι, Орта Ќој) — село во Кожанско, Егејска Македонија, денес во општината Серфиџе на Кожанскиот Округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 864 жители (2021).
Географија и местоположба Селото се наоѓа во мала котлина во подножјето на Пиериските Планини, на 3 км североисточно од гратчето Серфиџе и околу 7 км југозападно од Велвендо, на надморска височина од 485 м.
Историја
Во Отоманското Царство Во XIX век Ортаќој било грчко село во Серфиџенската Каза на Серфиџенскиот санџак.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Пано Ортаќој е претставено како чисто грчко село во Серфиџенската Каза на Серфиџенскиот санџак со 10 куќи, Като Ортаќој со 11 куќи.
Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Долно (Като) и Горно (Ано) Ортаќој (Ορτάκιοϊ Κάτω και Άνω) живееле 150 Грци христијани.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година тоа броело 144 жители, кои во 1920 г. се намалиле на 115 лица.
Во 1924 г. по потпишувањето на Лозанскиот договор во селото се населило 1 семејство (вкупно 5 бегалци), кои се погрешно заведени како вкупното селско население во пописот од 1928 г. Во 1928 година, името на селото било променето во Платаноревма (Πλατανόρρευμα).
По крајот на Втората светска војна во Ортаќој се доведени семејства од планинското село Мацкохори, поради што населението се накачило на 1.161 жител во 1951 г., а 1.359 жители во 1961 г. +Места во заедницата Ортаќој преименувани со службен указ на 6 август 1969 годинаИмеИмеНово имеНово имеОписБиглаΒίγλαПапарахиΠαπαράχηврв на ИСИ од Ортаќој (725,6 м)
Стопанство Населението произведува жито, тутун, компири и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарството.
Население
Самоуправа и политика Во 1919 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 35 квадратни километри. Општината Ортаќој била приклучена во општината Серфиџе во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Серфиџе.
Селото припаѓа на општинската единица Серфиџе со седиште во истоименото гратче, која припаѓа на поголемата општина Серфиџе, во округот Кожани. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Ортаќој, во кој е единствено село.
Културни и природни знаменитости Цркви
Црква „Св. Петка“ — главна селска црква Црква „Рождество на Пресвета Богородица“
Личности Родени во Ортаќој
Георгиос Папастамос (р. 1955) — грчки политичар во редовите на Нова демократија
Наводи
Категорија:Серфиџе