мини|490x490пкс|Euphorbia canariensis Euphorbia canariensis, попозната како канарска еуфорбија, Херкулов боздоган или на шпански кардон, е сукулентен член на родот Euphorbia и фамилијата Euphorbiaceae ендемска на Канарските Острови. Таа е растителен симбол на островот Гран Канарија.
Опис Канарска еуфорбија е сукулентна грмушка, која расте меѓу 3-4 метри височина. Се состои од месести четириаголни или петоаголни стебла кои личат на кактуси. Нема лисја, наместо тоа носи боцки 5-14 мм долги. Создава црвено-зелени цветови. Отпорена е на температура до .
Латексот, кој содржи дитерпени е отровен. Распространетост Видот се среќава на тесниот крајбрежен појас, од нивото на морето до 1100 метри надморска височина на Канарските Острови.
Поврзано
Список на животински и растителни симболи на Канарските Острови
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Млечка (растение) Категорија:Незагрозени видови според МСЗП Категорија:Флора на Канарските Острови Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј