Росточкиот мировен договор () бил договор, или Landfriede, склучен на 13 јуни 1283 година во Росток со цел да се обезбеди мир на копно и на море, како и заштита на даноците и другите слободи. Страните во договорот се согласиле дека десет години ќе избегнуваат употреба на сила во остварувањето на нивните права. Овој договор бил основа за економскиот раст на Висмар и другите средновековни пристаништа на Балтичкото Море.

Потписници на договорот биле ханзатските градови Либек, Росток, Висмар, Штралзунд, Грајфсвалд, Шчеќин, Демин и Анклам, како и војводите од Саксонија и Померанија, принцот од Риген, господарите на Шверин и Даненберг, како и на Ленстонеберг.

Користена литература

Wolf-Dieter Mohrmann: Der Landfriede im Ostseeraum während des späten Mittelalters, 1972 година, Категорија:Висмар Категорија:Росток Категорија:Историја на Либек Категорија:Ханза Категорија:Мировни договори Категорија:Средновековно право