мини| Поморскиот музеј Сергеј Машера во Пиран мини| Словенечките воени патролни чамци Анкаран и Триглав мини| Рибари на словенечко море Денот на поморството (сло: Dan pomorstva) е годишнина во Словенија посветена на поморските активности и историјата. Се слави секоја година на 7 март. Основана е со уредба на Владата на Словенија на 7 март 1996 година. Настанот бил прославен со откривање на еколошки брод во 2019 г. и со отворање на центар за контрола и управување со поморскиот сообраќај во кризна ситуација во 2021 г.

Датумот е избран во спомен на донесувањето на Резолуцијата за поморска стратегија на Р.С. на 7 март 1991год. Резолуцијата се состои од три дела:

Декларацијата дека Словенија е поморска земја; обврската за користење на крајбрежниот регион на одржлив начин и обврската за почитување на меѓународните поморски правила.

Станува збор за краток документ кој ги содржи општите развојни ориентации за словенечкиот поморски сектор. Различни се мислењата за тоа колку добро е искористена.

Словенија, која има 46,6 км на брегот долж Јадранското Море во заливот Трст, оперира со пристаништето Копер со над 20 милиони тони годишно ракување со стоки, Факултетот за поморски студии и транспорт во Порторож , Поморскиот музеј Сергеј Машера во Пиран и морската биолошка станица Пиран. Историски гледано, во поморскиот сектор, Словенците најмногу биле вклучени во австроунгарската и југословенската морнарица, и солињата Сечовље како и туризмот во Порторож и рибарската индустрија во Изола.

Наводи

Категорија:Празници во март Категорија:Празници во Словенија