Ло е остров во островската групата Торесови Острови, во северниот дел на Вануату . Островот се наоѓа на 2,25 милји од островот Тога . Според податоците од 2009 година, населението на островот било 210 жители. Тие зборуваат на дијалектот „лоански“ кој е дел од ло-тоганскиот јазик .
Транспорт Торесовите Острови ги опслужува аеродромот Торес, кој се наоѓа на островот Линуа, веднаш до северниот брег на Ло. Аеродромот најмногу го користат жителите на Ло. Ло не е често посетувана од странци.
Села Ло има две главни села: Лунхарегии Ринухе. Покрај овие има и уште едно мало село, Телаклак. Во 2018 година, проектот за крајбрежна адаптација на Вануату им обезбеди на селата пристап до свежа вода.
Наводи
Категорија:Архипелази во Тихиот Океан Категорија:Острови во Вануату Категорија:Торба (покраина) Категорија:Торесови Острови