Револуционерниот фронт (шведски: Revolutionära fronten) — крајно левичарска екстремистичка политичка и милитантна мрежа во Шведска. Целта на РФ била да го разбие сегашното општество преку револуција и да создаде социјалистичка држава. Групата се борела против фашизмот, расизмот, сексизмот и капитализмот и водела кампања преку насилни дејствија.
Организација и активности Револуционерниот фронт бил формиран во 2002 година од Џоел Бјурстромер Алмгрен и други. Таа група била формирана по немирите во Гетеборг во 2001 година и имала врски со шведската АФА. Стратегијата и тактиката на организацијата била инспирирани од британското движење Антифашистичка акција. Во 2014 година Алмгрен бил осуден на пет години затвор за прободување на неонацист во грб за време на насилните немири во Стокхолм во декември 2013 година. Во септември 2015 година организацијата се распуштила.
Поврзано
Антифашизам АФА
Наводи
Категорија:Револуционерни организации Категорија:Антифашистички организации Категорија:Анти-расизам