мини|Казан, 19-20 век, предмети употребувани во амам - Музеј на Старата скопска чаршија Амамџик е казанче чија главна цел била греење вода за хигиенски цели, најчесто во амами.
Опис Амамџикот служи за греење вода. Поставен е на рамно тркалезно дно, страните продолжуваат рамно нагоре, до средината, од каде што телото вертикално се проширува нанадвор и благо ѕвончесто продолжува нагоре до отворот. Отворот е со поширок нанадвор подаден хоризонтален венец чиј раб е засилен и свиткан навнатре. На венецот од казанот лежи капакот кој насреде е благо поткренат. Венецот од капакот, исто така, е засилен и на крајот има вдлабната линија која при поклопувањето лежи стабилно на венецот од казанот. Капакот насреде има мала конусна пупка. Овој тип казани најчесто биле заѕидувани така што долниот потесен дел од садот влегува во ѕиданиот дел, директно изложен на огнот.„Бакарни садови во Македонија од османлискиот период“, Елизабета Конеска, стр. 104, Музеј на Македонија, Скопје, 2000 г.
Наводи
Поврзано Корито
Категорија:Метални садови