Картата е метален сад за чување, пренос и складирање на вино. Може да се изработи и од дрво.

Опис Картата била користена за носење и за чување вино. Со правил-на тркалезна форма, составена е од два полутркалезни дела, по рабовите споени, со што е формирана внатрешноста од садот. На горниот крај е дополнително додаден тесен повисок отвор од кој полесно се полни или истекува виното. Од обете страни на овој отвор, наречен „чопка“, направени се алки низ кои е проврен синџирот од железо што служи за држење, односно закачување на картата. На предната и на задната страна картата има декорирации. Овој вид на предмет бил поретко користен, повеќе се користеле дрвените карти.„Бакарни садови во Македонија од османлискиот период“, Елизабета Конеска, стр. 94, Музеј на Македонија, Скопје, 2000 г.

Наводи

Поврзано Шише Бочва

Категорија:Садови за пиење Категорија:Метални садови Категорија:Кујнски прибор Категорија:Дрвени садови