Марика Пецева Георгиева ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.

Животопис Пред војната учествувала во напредното работничко движење. Со отпочнувањето на вооруженото востание учествувала во заднината на НОД во Струмица. Учествувала во сите антиокупаторски и антифашистички демонстрации и покажала организациони способности во опфаќањето на жените за учество во НОД. Чувала илегалци во својот дом и се грижела за нивната безбедност. Нејзината активност била откриена од бугарската полиција, затоа на 3 јули 1942 година била уапсена. Во истражниот затвор во Струмица била задржана до 20 август 1942 година, кога била префрлена во Скопскиот централен затвор, каде останала до 8 септември 1944 година, односно до капитулацијата на Бугарија. Во есента 1944 година била мошне активна во организацијата на АФЖ, а во декември 1944 година била избрана за член на Главниот одбор на АФЖ за Македонија.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ