„Ненасловена“ — стихозбирка на македонскиот поет Анте Поповски, првобитно објавена во 1975 година од издавачката куќа „Македонска книга“.
Содржина Збирката ги содржи следниве песни:Анте Поповски, Поезија. Наша книга, Скопје, 1990, стр. 243-313. „Лирска тетратка според Менделеев“ „Елементот на писмото“ „Еелементот на твојата насмевка“ „Елементот на петнаесеттата година“ „Мала вежба по математика со синот“ „Елементот на бројките“ „Елементот на кругот“ „Силвија од Краков“ „Елементот на непознатата“ „Елементот на бескрајот“ „Огнена“ „Тајнопис“ „Каде да ја побарам?“ „Нееквивалентно“ „Свадбата на Прометеј“ „Помогнете ѝ на љубовната олуја во пустината“ „Празнична песна во долината на црниот ветар“ „Огнена“ „Магна карта на првиот оган“ „Црвената аура на билката во дворот“ „Запис за долината“ „Лот, брат Абрахамов“ „Златни дождови над пепелта земна“ „Сон врз каменот крај езерото“ „Калишта, јануари 1975“ „Во насока на прекрасните дождови на татковината“ „Благословена што стави граница на сè“ „Ѕидниот часовник изгравиран со сини цветови“ „Училишната тетратка“ „Некогаш, шетајќи крај ова пусто корито“ „Белите ридови на татковината“ „Непознато“ „Цртеж“ „Запишано во една хотелска соба крај Рајна“ „Прстенот на војникот“ „Камена“ „Ќе се скријам во нејзиното име“ „Од каде да се вратиме“ „Само отачество от слнца (Запис според стари македонски црковни ракописи)“ „Песна за Ева“ „Оче наш“ „Призри с небеса“ „Лилија жлта в ношт лунују“ „Сије от много скрби писах“ „Марија на корабе водах светих“ „Да душу сиротим поделих“ „Гредушти по суху и по мору“ „Само отачество от слнца“ „Клех се тверд во вјеки“ „И на конец ништ“
Осврт кон делото Според, Слободан Мицковиќ, во „Тајнопис“ (и потоа, во „Љубопис“), Поповски се враќа поблиску до своите почетоци, особено до циклусот „Косачи“ од збирката „Вардар“. Говорот на поетот е целосно персонализиран, а поетското „јас“ е стожерот на песните при што поетот се поставува во улога на говорител, а песната произлегува јасно од неговиот внатрешен свет, без никакви посредници. Поетот, на одреден начин, се враќа кон интимната, исповедна поезија, но таа е искористена на поинаков начин. Имено, Поповски не го искажува сопственото битие со внатрешните пориви, туку разновидните сензации на светот и животот ги прави и ги доживува како свои, го промислува светот како сопствен и како последица на тоа, репертоарот на песните станува широк, хетероген, сложен и слоевит.Анте Поповски, Поезија. Наша книга, Скопје, 1990, стр. 541-542. Наводи
Категорија:Дела на Анте Поповски Категорија:Изданија на Македонска книга Категорија:Книги од 1975 година Категорија:Појавено во 1975 година во Македонија Категорија:Македонски дела од 1975 година Категорија:Македонски стихозбирки