Хепатална стеатоза е состојба при која вишокот на масти се акумулира во црниот дроб. Честопати нема или има малку симптоми. Повремено може да има замор или болка во горната десна страна на абдоменот. Компликациите може да вклучуваат цироза, рак на црниот дроб, и езофагеални варикси.
Главните подтипови на хепаталната стеатоза се метаболна дисфункција–асоцирана стеатотична хепатална болест (порано нарекувана „неалкохолна хепатална болест“ (NAFLD) и алкохолна хепатална болест, со категоријата „метаболно и алкохолно асоцирана хепатална болест“ со која се опишани преклопувањата на двете болести.
Примарни ризик-фактори вклучуваат внесот на алкохол, дијабетес тип 2, и гојазност. Други ризик-фактори се употребата на одредени лекови, како што се глукокортикоиди, и инфекција со хепатит Ц. Не е познато зошто некои луѓе со NAFLD развиваат само замастување додека други развиваат неалкохолен стеатохепатит (NASH), кој е асоциран со полош исход. Дијагнозата се заснова на медицинската историја поддржана со крвна анализа, медицински снимки, и повремено хепатална биопсија.
Третманот на NAFLD генерално се состои од промени во исхраната и вежби со цел да се постигне губење на тежината. Кај тешките случаи опција може да биде трансплантација на црн дроб Повеќе од 90% од тешките алкохоличари развиваат замастување на црниот дроб, додека околу 25% развиваат потешка состојба на алкохолен хепатит. NAFLD зафаќа околу 30% од луѓето во западните земји и 10% од луѓето во Азија. NAFLD зафаќа околу 10% од децата во САД. Почесто се јавува кај повозрасни луѓе и кај мажи.
Наводи
Категорија:Болести на црниот дроб