Зоран Спасов - Ѕоф (Скопје, 1965) — македонски автор, драматург, критичар и романописец.

Биографија Зоран Спасов е роден во Скопје во 1965 година. Средно образование завршил во гимназијата „Георги Димитров“ а потоа се запишал на Градежниот факултет, во Скопје.

Во 1990 година го издава првиот приватен весник во Македонија „Огласник М”, а веднаш потоа и таблоидот „MExpress” и енигматскиот забавник „Џокер”.

Во 1995 година станува менаџер на година во областа на културата и маркетингот во едицијата „Македонска бизнис елита”.

Во 1999 година ја основа и води печатницата „Графички Центар Скопје” која станува дел од групацијата Медиа Принт Македонија.

Во 2013 година ја основа Фондацијата „Македоника” каде во првите две години се објавуваат преку 2.000 бесплатни електронски книги на македонски јазик, со цел да се сочуваат најзначајните македонски литературни дела, како и да бидат достапни на сите Македонци каде и да живеат во светот.

Во 2017 година ја основа медиумската групација „Clip Media Group”, составена од седум њуз портали, агрегатор на вести, новинска агенција и ТВ студио.

Творештво Со пишување започнува да се занимава релативно доцна.

Во 2008 година, по наговор на Трендо, ја пишува својата прва книга „Тибам Штркот”, која по два распродадени тиражи ја поставува за бесплатно преземање од сајтот off.net.mk.

Следи „Некогаш - некаде” објавена во 2013 година, носталгичен лексикон за една изгубена Атлантида.

„Тито - мојот претпоследен херој” објавена 2020 година, го промовира Sоф во пишувач на бестселери. Романот влегува во потесниот избор за роман на годината. https://www.literatura.mk/makedonska-knizevnost/25634-tito-mojot-pretposleden-heroj

„Торонто Експрес” (2021) е книжевен апдејт на „Тибам Штркот” и претставува основа за истоимената драма на Македонскиот Народен Театар во режија на Јордан Симонов, каде во главната улога се појавува Александар Микиќ.

„Џабе живиш у Скопје” (2022) е сериозен обид да се зачуваат скопскиот хумор и скопскиот сленг. Како главни промотери на книгата се појавуваат Игор Џамбазов, Бранко Огњановски и Сашо Мацановски - Трендо.

„Цепај Сине” (2023) е замислена како лектира за возрасни, како и хроника на многу генерации. Претставува голема збирка на афоризми и други кратки облици на пишување, со цел да го насмеат до солзи читателот.

„И јас сум Сирма“ (2024) е франгментарен роман и контроверзен спој на фикција и историја. Централна личност е македонската хероина Сирма Војвода, која 2.000 години патува низ времето.

„Гоце Делчев - Љубов и Смрт“ (2026) е роман што ја претвара историјата во поезија - и поезијата во одговорност.

Песна за претставата „Торонто Експрес”

Автор е на два спота за песни што се инспирирани од неговите книги:

Признанија Издавачката куќа „Арс Ламина“ му доделила признание на Зоран Спасов-Ѕоф за најпродаван домашен автор во мрежата на книжарници „Литература.мк“ за 2023 година, како автор на книгите „Тито, мојот претпоследен херој“, „Торонто експрес“, „Џабе живиш у Скопје“, како и најновото издание „Цепај сине“, кои се во издание на „Попули“, дел од „Арс Ламина – публикации. https://skopje1.mk/archives/273054 Контроверзниот роман „И јас сум Сирма” е најпродаваната книга за 2024 година, роман кој побуди интерес кај публиката и за еден месец станал бестселер за 2024 година.Средствата од продажбата на книгата биле донирани во добротворни цели, како што тоа било случај и со претходните дела на Спасов.https://smart.sdk.mk/zhivot/knigata-i-jas-sum-sirma-na-zoran-spasov-zof-e-najprodavana-za-2024-godina/https://smart.sdk.mk/vesti/zoran-spasov-zov-ke-gi-donira-parite-od-prodazhbata-na-knigata-tsepaj-sine-za-detskata-klinika-vo-skopje/.

Хуманитарна работа Зоран Спасов важи како голем хуманист, кој несебично средствата од продажбата на сите книги ги донирал во добротворни цели. Во 2021 година, авторот Спасов одлучил приходот од продажбата на книгата „Тито – мојот последен херој“ да го донира токму во СОС „Детското село“ Во 2023 година по големиот успех на книгата Цепај сине, како и во сите претходни изданија, средствата биле донирани на ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести во Скопјеhttps://ukdetskibolesti.mk/уште-еден-голем-гест-на-хуманост/, се со цел на изградба на „Соба на бајките” - катче за игра и детска библиотека за пациентите . Покрај овие активности од хуманитарен каркатер, исто така од приходите од другите дела Спасов - Зоф донорал и на деца од ранливи категории како и на Здружението „Дајте ни крила“ во борбата за посреќна иднина на децата со посебни потреби.

Галерија

Наводи

Категорија:Македонски писатели Категорија:Луѓе од Скопје