Предатор: Бедлендс () — американски научнофантастичен акционен филм од франшизата „Предатор“. Тоа е седмиот филм од главната серија и деветти во целата франшиза. Филмот е режиран од Ден Трахтенберг, сценариото е напишано од Трахтенберг и Патрик Ејсон, а главните улоги ги играат Ел Фанинг и Димитриус Шустер-Колоаманги.
Премиерата на филмот во САД била на 7 ноември 2025 г., а во Македонија на 6 ноември истата година.
Содржина Главниот лик е млад Јауџа, или Предатор, кој се стреми да ја добие почитта на својот клан и татко. Во потрага по достоен плен, тој оди во Калиск, или Планета на Смртта, населена со исклучително опасна флора и фауна. Како што напредува приказната, Предаторот се здружува со Тија, андроид создаден од корпорацијата „Вејланд-Јутани“. Филмот ја открива културата и општеството на Предаторите, покажувајќи ја нивната матична планета и целосен јазик развиен посебно за филмот.
Улоги ГлумецУлогаЕл ФанингТијаДимитриус Шустер-КолоаматангиДек
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови од 2025 година Категорија:Американски научнофантастични филмови Категорија:Филмови на 20th Century Fox Категорија:Американски научнофантастични акциони филмови