Анџија — мајстор-занаетчија кој се грижел за работата на анот. Ги пречекувал патниците и гостите на влезот во анот и ги исполнувал нивните желби. Тој, исто така, се грижел за чистотата на објектот и сите соби за престој на гостите.

За занаетот Анџијата бил одговорем за сè што се случувало во анот. Тој ги пречекувал гостите и ги исполнувал нивните барања. Им ги чистел чибуците и се грижел за нивните коњи. Примал цели каравани, а исто така вршел размена на пари. Анџијата слушал вести од различните земји од каде што доаѓале патниците. Носел свежа вода за гостите и ги поел коњите. Го чистел дворот и коњушниците каде што биле сместени коњите. Печел кафе во посебна просторија која била украсена со ѓезвиња за варење кафе. Ги чистел и малите соби каде што престојувале гостите.

За анот Ан е градба од времето на Отоманското Царство кој служел како ноќевалиште за патниците и нивните каравани. Ановите биле згради со штали за коњите, просторија за патниците и просторија за анџијата.

Наводи

Категорија:Занаети Категорија:Турцизми