Метаксас или Метакса () — село во Кожанско, Егејска Македонија, денес во општината Серфиџе на Кожанскиот Округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 204 жители (2021).

Географија и местоположба Селото се наоѓа високо во планинита Добра, на 25 км јужно од градот Серфиџе, крај патот Негочани-Елевсина (ЕО3), на надморска височина од 1.060 м.

Историја

Во Отоманското Царство Неговото население уште од порано има грчко потекло. Според османлиски дефтер од 1528 г. во Метаксас имало 119 домаќинства со 536 жители.

Во XIX век Метаксас било грчко село во Серфиџенската Каза на Серфиџенскиот Санџак.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Метакса е претставено како чисто грчко село во Серфиџенската Каза на Серфиџенскиот санџак со 85 куќи.

Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Метаксас (Μεταξάς) живееле 600 Грци христијани.

Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година тоа броело 814 жител, кои во 1920 г. се намалиле на 811 лица. +Места во заедницата Метаксас преименувани со службен указ на 31 јули 1969 годинаИмеИмеНово имеНово имеОписГолинаΓκόλνταГурнесΓοϋρνεςврв на Камбуница на С од Метаксас (1.395 м)Мала ДобраΜικρό ΝτοβράСократиΣωκράτηмесност на Камбуница на И од МетаксасГолема ДобраΜεγ. ΝτοβράПапајаниΠαπαγιάννηмесност на Камбуница на СИ од Метаксас

Стопанство Населението произведува жито, компири и други земјоделски производи, а поради поволни услови, доста внимание му се посветува и сточарството.

Население

Самоуправа и политика Во 1918 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 58 квадратни километри. Општината Метаксас била приклучена во општината Серфиџе во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Серфиџе-Велвендо.

Селото припаѓа на општинската единица Серфиџе со седиште во истоименото гратче, која припаѓа на поголемата општина Серфиџе, во округот Кожани. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Метаксас, во кој е единствено село.

Културни и природни знаменитости Цркви

Црква „Св. Димитриј“ — главна селска црква, подигната во 1848 г.

Личности Родени во Метаксас

Анагностис Бизиотас — учесник во Грчката војна за независност Анастасиос Мицу, Јоанис Георгиу и Стерјос Мициу — учесници во Грчката војна за независност Фотис Јанкулас (? – 1925) — грчки разбојник

Наводи

Категорија:Серфиџе