мини|258x258пкс|Вагон-ресторан во Австрија Вагон-ресторан — патнички вагон во кој на патниците им се нудат храна и пијалаци. Се разликува од други вагони со слични услуги по целосната услуга. Може да се определи како своевидно соединување на кујна и трпезарија, при што бројот на места разнообразува. Често е поврзан со спиечкиот вагон на композицијата, доколку таков постои.

Исто како во обичен ресторан, на муштериите им е обезбеден келнерски персонал, како и менија со избор на јадења. Асортиманот зависи од категоријата на вагон-ресторанот, но се смета дека на располагање треба да има најмалку три ладни предјадења, две топли, неколку видови супи и главни јадења, вклучувајќи основни видови месо (свинско, говедско, пилешко).

Одлики Други видови вагони наменети за исхрана не нудат целосно ресторанско опслужување. На пример, тоа се вагони каде што храната се купува од штанд и се јаде на лице место, или на кое било друго место во возот. Ова се однесува и на вагони за скара, каде што патниците седат на столчиња до штанд, купуваат и јадат храна подготвена на скара надвор од штандот. Обично се сметаат за „среден“ тип на вагон-ресторани.

Кај еден од најчестите модели на вагон-ресторан, едниот крај на вагонот има кујна (со ходник веднаш до неа, за патниците да можат да преминат во други вагони), додека на другиот крај се наоѓа отворена или преградена сала со главен ходник.

Возовите со високи барања за услуга во вагон-ресторан понекогаш имаат „двојни вагон-ресторани“, кои се состојат од два соседни вагони што до одреден степен работат како единствена структура. Обично, едниот вагон има кујна и отворена или преградена сала, додека другиот вагон има само сала.

Во вагон-рестораните на современите двокатни вагони Superliner на компанијата Amtrak, преградената сала зафаќа речиси цел горен кат, додека кујната се наоѓа на долниот кат. Јадењата се послужуваат нагоре со кујнски лифт.

Вагон-рестораните го збогатуваат вообичаеното искуство од посета на ресторан со глетката на пределот што поминува низ прозорецот. И покрај тоа што денес вагон-рестораните станале помалку популарни отколку во минатото (сега се дополнети, а во некои случаи и заменети со други видови вагони за исхрана), тие играат значајна улога во патничкиот железнички превоз, особено на средни и долги растојанија. Многу туристички железници нудат екскурзии со ручек за да го подобрат доживувањето на публиката при патување во вагон-ресторан.

Трамваите на линиите U76/U70 меѓу градовите Диселдорф и Крефелд во Германија имаат бистро-вагон (германски назив за вагон-ресторан), каде што патниците можат да нарачаат пијалаци и ужини. Ваквата практика потекнува од почетокот на XX век, кога меѓуградските трамваи секогаш имале вагон-ресторан. И покрај тоа што на линијата сега сообраќаат современи вагони, 4 трамваи имаат бистро-вагон и работат секој работен ден.

Наводи

Надворешни врски

Ira Silverman Railroad Menu Collection The Dinning Car Society Atchison, Topeka and Santa Fe Railway No. 1474 Cochiti

Категорија:Видови ресторани __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__