Кирко Георгиевски ( во , - во , Грција) — македонски партизан, учесник во НОБ во Егејска Македонија и Грчката граѓанска војна.

Животопис Георгиевски е роден во 1921 г. во селото Брештени, Костурско, Егејска Македонија, денешна Грција. Уште на 17 години активно се вклучил во револуционерни активности. Во 1938 година, за време на Метаксасовата диктатура, тој бил уапсен и три месеци бил во затвор. За време на фашистичката окупација на земјата, тој се приклучил во ЕАМ и станал организатор на НОБ. По предавство, Кирко бил уапсен и осуден на 20 години затвор. Долги години бил во Атинскиот затвор, а подоцна бил испратен во логори во Италија и Германија. По завршувањето на Втората светска војна, Кирко бил ослободен, по што се враќа во родниот крај. Откако започнала Граѓанската војна во Грција во 1946 г., Георгиевски стапил во редовите на ДАГ и учествувал во многу битки. Во 1948 г. Кирко бил во разузнавачката служба на 14-та бригада. Починал во јули 1948 г. во с. Желин, Костурско.

Наводи

Категорија:Македонски партизани Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Македонци во Грчката граѓанска војна