Месен народен одбор Севендекли ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1952 година.
Историја Месниот народен одбор Севендекли бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Валандовска Околија, првично во Штипскиот Округ, а истата 1945 година, околијата со општината биле преместени во Велешкиот Округ, и негови составни населени места биле Дурутли, Севендекли, Чаушли и Џумабос. Во 1947 година, според новата административна поделба, месниот одбор останал територијално непроменет и бил префрлен во Гевгелиската Околија. Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Севендекли го загубил селото Чаушли кој припаднал на Месниот народен одбор Нов Дојран. Согласно административната поделба од 1952 година, МНО Пирава бил укинат на сметка на соседната и проширена Општина Башибос.
Население Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Севендекли имал 672 жители, односно вкупното население на Дурутли, Севендекли, Чаушли и Џумабос. Од таа бројка, 671 бил Турчин, а 1 бил Македонец.
Поврзано Список на општини во Македонија по население (1948)
Наводи
Севендекли Севендекли Севендекли Категорија:Валандовска Околија Категорија:Гевгелиска Околија