Capcom Co., Ltd. (се изговара: Капком, ) — јапонска корпорација, еден од најголемите светски развивачи и издавачи на компјутерски игри, со седиште во Осака. Корпорацијата е основана во 1979 г. под името Japan Capsule Computers, како компанија за производство и распределба на електронски играчки машини. Денешното име е кратенка од Capsule и Computers. За конзолите од 3-то и 4-то поколение (NES, Sega, SNES), компанијата создавала игри засновани на цртаните филмови на Walt Disney.

Денес, компанијата е позната како сопственик на неколку големи играчки франшизи, меѓу кои: Resident Evil, Devil May Cry, Street Fighter, Mega Man, Lost Planet, Monster Hunter и Ace Attorney.

Capcom исто така активно работи како издавач и локализатор на западни производи на исток, а пример за тоа се „X2“ од Team 17 и Grand Theft Auto.

Маскота Изворната маскота на Capcom е Капетан Командо, суперхерој облечен во футуристички оклоп. Неговото име е изведено од името на компанијата: Cap(tain)Com(mando). Тој за првпат се појавил во рана игра на Capcom за Famicom/NES наречена „Section Z“ и честопати бил прикажуван во прирачниците за раните NES-игри на Capcom. Исто така, тој станал главен лик во играта „Captain Commando“ од 1991 г. Подоцна, станал еден од борците во „Marvel vs. Capcom“ и неговото продолжение. Во „Marvel vs. Capcom“, тој сѐ уште е симбол на Capcom, на пример, редовно извикувајќи „Capcom!“ за време на борбите.

Mega Man го заменил Капетан Командо на должноста маскота, главно поради тоа што серијата „Mega Man“ е сега доста популарна и попозната.

Исто така, Рју, еден од најистакнатите ликови на Capcom од Street Fighter, во мигов не е само лице на борбените игри на Capcom, туку и на целиот жанр борбени игри.

Во последните години, зачестена е склоноста за користење на Сервоботите од серијата игри MegaMan: Legends. Играчки и слики од Сервоботите честопати ги придружуваат играчките изложби на кои учествува Capcom.

Наводи

Надворешни врски

Матична страница

Категорија:Јапонски марки Категорија:Претпријатија за видеоигри од Јапонија Категорија:Претпријатија во Осака