Козјачка Околија ― поранешна околија во Македонија, која постоела во периодот 1945-1947.

Историја Козјачката Околија била основана во 1945 година. Таа била дел од Скопскиот Округ и седиште на околијата било во Старо Нагоричане. Нејзини составни месни народни одбори (општини) биле Алгуња, Аљинце, Арбанашко, Бајловце, Гулинце, Дејловце, Драгоманце, Дренок, Макреш, Малотино, Никуљане, Орах, Отошница, Пелинце, Пузајка, Руѓинце, Старо Нагоричане, Степанце, Страцин, Стрезовце, и Челопек. Во 1947 година, според новата административна поделба, Козјачката Околија била укината на сметка на соседните и проширени Кривопаланечка Околија и Кумановска Околија.

Наводи