Брајан Груда (роден на 31 март 2004, во Шпајер) — германски фудбалер, играч од средниот ред на и на германската репрезентација под 21 година.

Биографија Тој има албанско потекло, и е син на поранешниот фудбалер Бујар. Неговиот чичко братучед Азис, е исто така бил фудбалер, како и неговиот братучед Илди кој моментално игра за Влазнија.

Клупска кариера Мајнц 05 Роден во Шпајер, Груда ја започнал својата кариера во локалниот тим ФК Шпајер, пред да се приклучи на Карлсруе во 2015 година. Тој се приклучил на Мајнц 05 на 14-годишна возраст и го потпишал својот прв професионален договор со клубот во ноември 2022 година.

Во јануари 2023 година, тој бил унапреден да учествува на тренинзите со првиот тим, а своето сениорско деби го имал на 25 јануари 2023 година во поразот од 2–1 на домашен терен од Борусија Дортмунд во Бундеслигата. Подоцна истата година, на 6 октомври, тој го постигнал својот прв гол во ремито 2–2 на гостувањето против Борусија Менхенгладбах.

На 18 мај 2024 година, тој постигнал гол и асистирал за победата од 3–1 против Волфсбург, што значела опстанокот за Мајнц во Бундеслигата изборен во последното коло од сезоната.

Брајтон На 14 август 2024 година, Груда потпишал четиригодишен договор со англискиот клуб Брајтон енд Хоув Албион.

На 10 мај 2025 година, Груда го постигнал својот прв гол во англискиот фудбал во натпревар од Премиер лигата добиен со 2–0 во гости против Вулверхемптон Вондерерс.

Наводи

Надворешни врски

Брајан Груда на soccerway Брајан Груда на transfermarkt Брајан Груда на espn Брајан Груда на whoscored

Категорија:Живи луѓе Категорија:Германски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Мајнц 05 Категорија:Фудбалери на ФК Брајтон енд Хоув Албион Категорија:Родени во 2004 година