Нели Аркан (5 март 1973 – 24 септември 2009) била канадска писателка. Аркан била родена како Изабел Фортие во Лак-Мегантик во источните општини на Квебек.
Биографија Првиот роман на Аркан, Курва (2001), веднаш добил критичко и медиумско внимание. Била финалист за Медичинова награда и за Феминовата награда, две од најпрестижните книжевни награди во Франција.
По Путан следеле уште три романи што ја етаблирале како литературна ѕвезда во Квебек и Франција. Нејзиниот втор роман Луд (2004), како и првиот, е полуавтобиографско и провокативно дело, и бил номиниран и за наградата „При Фемина“. Нејзиниот трет роман, Отворено кон небото, бил објавен во 2007 година. Детето во огледалото (2007) е илустрирана книга на за убавина. Аркан го завршила својот четврти роман Рај со клуч на рака (2009) а набрзо потоа се самоубила. Таа, исто така, напишала неколку кратки раскази, статии и колумни за разни весници и литературни списанија во Квебек.
Смрт Аркан била пронајдена мртва во нејзиниот стан во Монтреал на 24 септември 2009 година. Таа се обесила набрзо откако завршила со пишувањето на нејзината последна книга, Рај со клуч на рака, чиј наратор останува инвалид по обид за самоубиство.Категорија:CS1 French-language sources (fr)
Категорија:Articles with dead external links from February 2024 Таа и претходно се обидела да се самоубие. На 3 септември 2009 година, три недели пред нејзината смрт, Аркан објавила сторија во својата неделна колумна во квебечкиот неделник на француски јазик Иси со наслов Земи ме, или си мртов, со детали за искуството со демнач.
Погребана е во Источните општини во Квебек. Општинската библиотека на Лак-Мегантик, составена од над сто илјади книги донирани откако пожарот ја уништил оригиналната библиотека за време на несреќата на возот Лак-Мегантик во 2013 година, се вика „Општинска Медиатека Нели-Аркан“ во нејзина чест.
Филмот Нели од 2016 година на режисерката Ан Емонд бил базиран на животот на Аркан.
Библиографија
Курва (2001). Луд (2004). Дететто во огледалото (2007). Отворено кон небото (2007). Рај со клуш на рака (2009). Бурка од кожа (2011).
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Починати во 2009 година Категорија:Родени во 1973 година Категорија:Канадски писателки