200px|мини|Антонија Сузан Дафи Антонија Сузан Дафи (англиски: Antonia Susan Duffy, 24 август 1936 — 16 ноември 2023), позната како Антонија Сузан Бајат (англиски: Antonia Susan Byatt) — англиска писателка, критичарка и универзитетска професорка.
Биографија Основното и средното образование ги завршила во Јорк, а дипломирала на Њухем колеџот во рамките на Универзитетот во Оксфорд. Потоа, предавала на Школата за уметности и дизајн, а на Универзитетскиот колеџ во Лондон предавала англиска и американска книжевност. Покрај тоа, имала редовна емисија на Би-би-си. Во 1990 година, таа се стекнала со титулата Витез на Британската империја. Таа била двапати омажена и имала четири деца.„Beleška o spisateljici“, во: A. S. Bajat, Zanesenost: viteška pripovest u prozi i stihu. Narodna knjiga i Alfa, Beograd, 2004, стр. 675.
Творештво Бајат е подеднакво позната и како книжевна критичарка и како писателка. Таа важи за најинтелектуалната писателка уште од времето на Џорџ Елиот. За романот „Поседување“ ги освоила Букеровата награда и меѓународната награда на „Ајриш тајмс“. Најпознати дела на Бајат се: Сончевата сенка (роман) Игра (роман) Девојка во градината (роман) Мртва природа (роман) Поседување(роман) Шеќер и други раскази (збирка раскази) Степени на слободата (монографија за романите на Ајрис Мердок) Време на бунтот: Вордсворт и Колриџ во своето време (книжевна критика)
Наводи
Категорија:Англиски писатели Категорија:Луѓе од Јорк Категорија:Родени во 1936 година Категорија:Починати во 2023 година Категорија:Добитници на Букеровата награда Категорија:Витези на Британската империја